Почетна » Новости » Занимливости » Божиќна реклама за скарани браќа ќе ве потсети на она што е најважно за празниците

Божиќна реклама за скарани браќа ќе ве потсети на она што е најважно за празниците

Божиќната реклама на Vodafone Португалија потсетува што е најважно за време на празниците.

Во видеото се прикажани двајца браќа кои не сакаат да се сретнат и се избегнуваат на празничната семејна вечера кај нивната мајка. Но, како што се вели „Крвта не е вода“. Со мала помош на мајка им, тие успеваат да го заборават минатото и да си дадат уште една шанса.

„Божиќ е време кога треба да се помирите со минатото и да го отворите подарокот. Тоа е време кога треба да прославите за животот, за семејството и за пријателството. Исто така е и време да го погледнете она што минатото не успеа да го реши и да му дадете уште една шанса на она што е вистински важно. Направете го првиот чекор и помогнете некому да се помири со минатото. Среќен Божиќ“ – стои во описот на рекламата.

Нема да останете рамнодушни на оваа приказна:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20797 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.