Почетна » Новости » Животни стории » Аутистично момче за роденденот посакало да има пријатели, доби илјадници пораки од луѓе од целиот свет

Аутистично момче за роденденот посакало да има пријатели, доби илјадници пораки од луѓе од целиот свет

Аутистично момче, кое нема пријатели, беше опсипено со илјадници пораки за роденденот откако порака од неговиот татко стана вирален хит на Twitter.

Даниел

Даниел има тешка форма на аутизам и неговото семејство сметало дека тој не го разбира концептот на пријателството, бидејќи секогаш претпочитал да игра сам. Но, неговите родители биле изненадени кога тој напишал дека двете најголеми желби му се да вози автомобил и да има пријатели.

„За првпат во неговото училиште за деца со посебни потреби, Даниел доби задача да напише кои нешта сака да ги постигне. Прво напиша дека сака да научи да вози, а потоа второто нешто, што нè изненади, беше да има пријатели. Ние мислевме дека тој не ја разбира теоријата за пријателство“ – рекол неговиот татко Кевин.

Даниел

Бидејќи наближувал 15-тиот роденден на Даниел, Кевин решил да напише објава на профилот на Twitter за неговиот син да добие малку љубов преку интернет. Но, воопшто не насетувал дека неговиот твит до следниот ден ќе стане најпопуларен твит во САД.

Илјадници луѓе се обединиле за да направат Даниел да се чувствува специјално на неговиот роденден.

Актерот Марк Хамил беше првата славна личност која му го честиташе роденденот на Даниел, а по него следуваа и Расел Кроу, Шерон Стоун и Ариел Винтер.

Голем дел од пораките се од родители на деца со посебни потреби, кои му пишале на Даниел за да му кажат дека не е сам и дека има другарчиња низ целиот свет.

„Луѓето сакаат да бидат сакани, зарем не? Луѓето сакаат да им се допаѓаат на другите. Тоа е универзално чувство. Мислам дека ова е среќна приказна затоа што во моментот целиот свет е поделен. Со твитот и приказната на Даниел ние откривме дека има многу прекрасни, грижливи луѓе на овој свет“ – рекол Кевин.

Тој вели дека поради некои од коментарите, Даниел скокал од радост. „Бев среќен за Даниел, но знаете, бев среќен и за семејствата и родителите и пријателите на аутистичните луѓе насекаде низ светот“ – рекол Кевин.

Негова надеж е дека безбројните луѓе кои ја слушнале приказната на Даниел ќе запомнат едно нешто: „Никогаш не се чувствувајте како да сте сами. Јас се чувствував така, а знам дека така се чувствуваат и многу други семејства. Не сте сами. Едноставно е, луѓето навистина ве сакаат“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20818 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.