Минатиот месец, Моника и Томче од Битола ја крунисаа својата љубов со брак, а Концепт Продукција беа задолжени за креирање на свадбеното видео кое ги спои најубавите моменти од најсреќниот ден од нивните животи.
Романтичното видео е снимено во вила со прекрасен поглед на Охридското Езеро и во Битола во близина на старата касарна.
„Помнењето на љубовните приказни ќе ја одржува вашата љубов. Живеј, смеј се и љуби! Оние од вас кои ја имаат пронајдено љубовта, потсетувајте се на убавината на наоѓање нови начини да се вљубите во истата личност. Вистина е дека вистинската љубов се случува кога најмалку ја очекувате. Имајте верба во себе и љубовта која ја заслужувате“ – велат среќните младенци.
Погледнете и дел од свадбените фотографии направени од тимот на Концепт Продукција: