Свадбеното видео на Натали и Љубомир ја спојува летната и зимската убавина на нашата прекрасна земја.
Заљубениот пар, чија љубовна искра се јавила во факултетските денови, а уште повеќе се разгорила години подоцна, оваа година конечно ја круниса својата љубов со брак.
„Нашата приказна започна многу одамна, уште во факултетските денови. Уште тогаш се појавија првите чувства меѓу нас и тогаш беше и првиот бакнеж. По кратка романса нашите патишта се одделија и секој продолжи со својот живот. Но, животот имал други планови за нас. И по 10 години, нашите души повторно се споија, овојпат засекогаш. Ние двајца некако отсекогаш знаевме дека ќе завршиме заедно. Ние двајца најпрво сме најдобри пријатели, а потоа партнери. Заедно ја искреиравме оваа наша бајка и со многу радост и возбуда го огранизиравме секој дел од нашите церемонии“ – изјави Натали.
Погледнете го свадбеното видео на Натали и Љубомир направено од тимот на Концепт Продукција, а снимено на повеќе локации од Охрид, Преспа и Пелистер во интервал од неколку месеци.