Првото поглавје од романтичната сторија на Марија и Клаудио се роди во Италија. Љубовните искри ги споија во Милано, пред катедралата Дуомо, а нивната желба да бидат вечно заедно беше со крунисана со брак на македонско тло.
Нивното свадбено видео го пренесе италијанскиот шарм во Охрид, па на калдрмата на „нашиот бисер“, младенците се потсетија на возењето со црвен мопед низ миланските улици.
Парот беше фотографиран и на Пелистер по повод венчавката на која присуствуваа само нивните најблиски.
Фотографиите и видеото се дело на Концепт Продукција од Битола.