Свадбените видеа се бесценет спомен за сите младенци.
Дејан и Сара Кузмановски се заколнаа на вечна љубов во родната Битола, а нивното љубовно видео ги доловува најзначајните моменти од денот кога го изговорија судбоносното „ДА“.
„Најдобрата работа што можеш да ја направиш е да најдеш личност која ќе те сака без разлика на сè и ќе мисли дека сонцето изгрева од кај тебе. Тоа е личност покрај која вреди да го поминеш цел животен век“ – изјавија Дејан и Сара за Femina.mk.
ВИДЕО:
„Искористете ја секоја прилика да ѝ кажете на вашата сакана дека таа е единствена за вас бидејќи: ‘Животот не е бројот на здивови кои ќе ги земеш, туку на моменти кои ќе ти го одземаат здивот’. А за нашиот најубав ден од животот, за нашите незаборавни моменти да бидат овековечени се погрижија најдобрите ‘Concept production’“ – додаде Дејан.