За време на гламурозен банкет во Стокхолм беа доделени Нобеловите награди, а шведското кралско семејство традиционално присуствуваше на свеченоста.
Облечена во црвена креација од Zetterberg, принцезата Софија го придружуваше францускиот научник Жерар Муру, кој е годинешниот добитник на Нобеловата награда за физика.
Кралот Карл Густаф XVI ѝ беше придружник на Дона Стрикленд која е меѓу тројцата научници кои годинава ја добија Нобеловата награда за физика. За првпат по 55 години, жена е лауреат на оваа престижна награда.
Канадската физичарка, која на свеченоста носеше црвен фустан, влезе во историјата како третата жена која е почестена со ова високо признание.
Принцезата Викторија влезе во салата заедно со Џорџ Смит, еден од лауреатите од областа на хемијата.
Престолонаследничката го избра истиот фустан кој нејзината мајка, кралицата Силвија, го носеше на нобеловата церемонија во 1995 година.
Кралицата Силвија изгледаше софистицирано во зелена вечерна тоалета.