Среќна вест за сите обожаватели на чоколадото – постои начин да уживате во него, а да внесувате помалку од 1 калорија.
Научниците создале инхалатор во облик на кармин за усни што содржи стотици милиграми мали честички од храна, коишто се доволно ситни да се пренесуваат преку воздухот, но преголеми за да влезат во белите дробови.
Професорот Дејвид Едвардс од Универзитетот Харвард, којшто го измислил инхалаторот, тврди дека нашиот апетит може да се задоволи преку вдишување на воздух со одреден вкус.
Производот е наречен Le Whif. Оние кои се на диета ќе можат слободно да се насладуваат на вкусот на чоколадо, без потоа да чувствуваат вина, затоа што тоа нема да влијае на нивната фигура.
Еден Le Whif се продава по цена од 1,99 фунти или околу 150 денари, а три по цена од 4,99 фунти (околу 350 денари). Има инхалатори со вкус на чоколадо, чоколадо со малини, пеперминт чоколадо и кафе.
Инвентивниот продукт бил за прв пат пуштен во продажба во Париз во 2009г. и во рок од еден месец биле продадени
Создавачите на Le Whif ветуваат дека на секои 6 месеци ќе пуштаат во продажба по една нова арома.