Семејство од САД го доби најголемиот благослов за Божиќ. Четири сестри, кои беа бремени во исто време, се породија и се обединија заедно со своите бебенца на Божиќ.
Џесика, Џордан, Џена и Џејден со бебенцата, нивните сопрузи и родителите се облекоа во пижами со Гринч и со широки насмевки го прославија овој специјален момент.
„Добивањето мои деца беше уникатно искуство, но потоа ги гледав моите сестри како стануваат мајки истовремено... бев со нив на ова патување во секоја фаза од доењето до породувањето... беше прекрасно и само продолжува да нè зближува“ – изјавила Џена.
Иако четирите сестри живеат во различни американски држави, тие одржуваат блиски односи. Бебето Стенли се родило во јули, Лидија и Мајлс се родиле во септември, а нивниот братучед Карсен се родил на 13 ноември.