Почетна » Новости » Занимливости » „Ова е како остварување на сон“: Четири сестри се бремени во исто време

„Ова е како остварување на сон“: Четири сестри се бремени во исто време

Четири сестри се бремени истовремено и се пресреќни што ќе имаат можност заедно да ги растат децата.

Џесика, Џордан, Џена и Џејден оваа година ќе им посакаат добредојде на своите бебиња. Тие велат дека ова е среќна случајност и дека не било планирано сите да забременат во истото време.

Четири сестри

„Знам дека многу луѓе ќе речат дека го планиравме ова, но две од нас имаа помош за да забременат, па дефинитивно не беше планирано. Бог работи на мистериозни начини“ – рекла Џесика.

Сестрите велат дека споделувањето рецепти, совети и слатки моменти од бременоста ги зближи уште повеќе.

„Ова искуство нè зближи на еден нов начин. Магично е чувството што ќе ги добиеме децата заедно во краток период. Пораснавме во големо семејство со 35 братучеди, па на некој начин, како остварување на сон е сега да имаме свои деца кои ќе растат заедно. Лудо е“ – велат сестрите.

27-годишната Џордан прва го очекува своето бебе со сопругот Дилан. Тоа треба да се роди во август.

Четири сестри

Следни се 33-годишната Џена и 25-годишната Џејден, кои имаат ист термин за породување – 1 октомври.

Четири сестри Четири сестри

Џесика пак треба да се породи на 11 ноември.

Четири сестри

Сестрите планираат да се обединат за Божиќ заедно со своите бебиња.

Четири сестри

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20803 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.