Хумористични илустрации: Секојдневните проблеми на трудниците
• Среда, 11 Ноември 2015 17:15
Мајка на две деца преку хумористични илустрации ги прикажува проблемите со кои се соочувала во двете бремености. Несомнено тие ќе ја насмеат секоја мајка и трудница, но и оние кои имаат блиска личност која била или е бремена.
Лина Северинсен започнала да го создава својот илустриран серијал „Прегратки и хаос“ додека била бремена со првото дете во 2012 година, но продолжила да црта и во втората бременост.
Погледнете ги илустрациите на хумористичната Норвежанка:
Знаеш дека си во третиот триместар кога ќе испуштиш нешто на подот и ќе го одминеш тивко пцуејќи.
Не гледам ништо што е под стомакот.
Престанете да ми го допирате стомакот.
Најголемиот страв на секој маж: Го боцнав бебето.
Спиењето во трет триместар.
Време е за обувки без врвци.
Мајка-тигар: Стрии? Мислиш на тигарски шари?
Тренинг во трет триместар!
Кога очекуваш кик-боксер.
Јас правам бебиња, која е твојата супермоќ?
Најдоброто нешто кога избираш име за бебето е што сфаќаш колку луѓе мразиш.
Имаш трудничка криза за некое јадење? Чоколадо.
Стравови поврзани со породувањето: Пукање на водењакот во јавност.
Велат дека не треба да јадеш за двајца.
Што не треба да ѝ кажеш на бремена жена: „Дали очекуваш тројка?“, „Ќе пукнеш“, „Хаха, кит“, „Господе, огромна си“.
Сочувствување со бременоста на сопругата.
Ве молам уште перници!
Кога си толку многу отечена, што наликуваш на човечето на Мишелин.
Седум месеци без алкохол.
По цел ден гледате видеа од породување и плачете.
Ох, тие прекрасни труднички хормони.
Кога му пеете на нероденото дете.
Труднички грчеви во текот на ноќта.