Колинда Грабар-Китаровиќ е верен поддржувач на хрватските спортисти, па кога тенисерите станаа шампиони на Дејвис Куп, таа беше во првата линија за да им честита и да ги награди.
Хрватската претседателка блескаше со широка насмевка на церемонијата за одликување на заслужните за освојување на втората ваква титула.
„Честитки од срце! На секој од вас му претстои многу години професионално занимавање со спортот, нови мечеви, одлични резултати и победи. Уверена сум дека ќе продолжите да нижите успеси и пригоди за нашите коцки, нашето драго знаме да го завиете околу своите рамена и да ги исполните соништата и срцата на вашите навивачи за вашата сакана Хрватска, која се гордее со вас!“ – пишува на нејзиниот официјален профил на Facebook.