Морана Мамиќ е колумнистка и модна дизајнерка која освојува на Instagram со фотографии од нејзиното секојдневие.
Над 140.000 фанови ја следат Морана на популарната мрежа за споделување на фотографии, не само поради животот на висока нога, туку и поради позитивноста, смислата за хумор и кратките приказни кои ги споделува.
Славната Хрватка, која има едно болно дете од првиот брак, често престојува во Лондон и Шпанија.
Неретко е нарекувана „хрватската кралица на Instagram“, но на нејзина адреса не завршуваат само убави коментари. Неодамна таа беше обвинета дека користи Фотошоп за да направи нејзиниот живот да изгледа погламурозен и полуксузен.