Почетна » Новости » Занимливости » „Не се залажувајте, социјалните мрежи се лажни“: Блогерка ја покажува реалноста зад фотографиите со филтри

„Не се залажувајте, социјалните мрежи се лажни“: Блогерка ја покажува реалноста зад фотографиите со филтри

Холи Кокерил има важна порака – не верувајте во она што го гледате на социјалните мрежи и не се споредувајте со личностите на „совршените“ фотографии.

Популарната блогерка низ видеа ја покажува реалноста зад фотографиите со филтри за да испрати порака дека не е сè онака како што изгледа на нив.

„Социјалните мрежи се лажни, не се залажувајте“ – пишува таа зад видео-серијалот „Доказ дека социјалните мрежи се лажни“.

Холи Кокерил Холи Кокерил Холи Кокерил

Фотографиите покажуваат колку лесно си го трансформира целосниот изглед – од бојата на забите, изразот на лицето, бојата на косата, па дури и големината на мускулите.

Холи Кокерил Холи Кокерил Холи Кокерил Холи Кокерил Холи Кокерил

Холи отворено споделува дека и таа понекогаш „паѓа“ на овие замки на социјалните мрежи, кои прават луѓето да се чувствуваат лошо поради сопствениот изглед.

„Јас сум виновна што секогаш прелистувам на Instagram и ги гледам ‘совршените’ селфи фотографии со совршен живот и тоа прави да имам лоши чувства за себе. Постојано се споредувам со тие лажни фотографии. Започнав да следам профили кои ги прикажуваат славните личности и популарните блогерки на социјалните мрежи и во вистинскиот живот и не можев да поверувам колкава е разликата.“

„Младите се огледуваат на популарните личности на социјалните мрежи и сакаат да бидат како нив, да изгледаат како нив. Ако тие личности користат апликација која менува сè на нив, тогаш нормалните луѓе започнуваат да се прашуваат зошто не изгледаат доволно добро.“

„Многу подобро се чувствувам откако започнав да добивам пораки од девојки кои ми кажуваат дека моите објави им помогнале, па затоа и продолжив да ги правам“ – рекла Холи.

Холи Кокерил Холи Кокерил Холи Кокерил Холи Кокерил Холи Кокерил Холи Кокерил

Еве само дел од коментарите од нејзините следбеници:

„Ти всушност ми помогна да се потсетам себеси дека не треба да го споредувам мојот изглед со она што го гледам онлајн. Ти благодарам.“

„Ова прави да се чувствувам подобро со себеси. Никогаш не се изморувам од вакви објави.“

„Благодарам што го објави ова. Тешко е да не сакаш да изгледаш исто како тие филтри. Многу си убава.“

Холи Кокерил Холи Кокерил Холи Кокерил Холи Кокерил Холи Кокерил Холи Кокерил Холи Кокерил Холи Кокерил Холи Кокерил Холи Кокерил Холи Кокерил Холи Кокерил Холи Кокерил Холи Кокерил Холи Кокерил Холи Кокерил Холи Кокерил Холи Кокерил

Видеа

@hollycockerill Reply to @ctab0713 part 3 of why you should never believe what you see on social media #fyp #fakevsreal #instagramvsreality #loveyourself ♬ Praise God - Kanye West
@hollycockerill Social media is fake, don’t be fooled ☺️ #fyp #fakevsreal #instagramvsreality #loveyourself ♬ Praise God - Kanye West
@hollycockerill ♬ Praise God - Kanye West

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20903 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.