Словенечкиот фотограф Матеј Пељхан ја искористи својата фантазија за да усреќи мало момче кое страда од мускулна дистрофија. Серијата фотографии „The Little Prince“ го покажуваат 12-годишниот Лука како игра кошарка, танцува брејкденс и се качува по скали, обични активности во кои болното дете не е во можност да ужива.
Поради мускулната дистрофија, телото на Лука станува сè послабо и послабо, а неговото движење се сведува само на минимално мрдање со прстите, доволно за да може да ја управува електричната инвалидска количка.
За време на еден разговор со Лука, Пељхан дознал дека малото момче посакува да се види себеси на фотографии на кои оди, истражува и прави беља. Креативниот фотограф веднаш се досетил како може да му ја исполни таа желба на Лука без да користи програми за дигитална обработка на фотографии. Сите фотографии тој ги фотографирал одгоре, а Лука позирал легнат на подот.
Додека го гледате Лука како лета со балон или нурка со рибите, нема да можете да не забележите борбеност, решителност и позитивност.