Џон Вилхелм е самопрогласен „фотохолик“, кој обожава да создава креативни, а понекогаш и хумористични, фотографии од своите три деца.
44-годишниот татко со помош на Фотошоп и малку фантазија ги претвора и наједноставните семејни фотографии во забавни спомени за неговите најмили.
Фотографирањето е само хоби за талентираниот Швајцарец. „Одлучив да ги создавам овие фотографии за забава и за да ја ослободам својата креативност“ – вели тој.