Бил Гекас е врвен фотограф којшто создава неверојатни фотографии, стилизирани според некои од најдобрите уметнички дела на сликари како Рембрант и Вермер.
Ставајќи ја во центарот својата 5-годишна ќерка, самоукиот фотограф ги пресоздава портретите на лицата од познатите слики, а притоа не се обидува целосно да ги копира.
Со вешто користење на најразлични светла, австралискиот фотограф успева да создаде атмосфера карактеристична за сликите од пред неколку векови. Неговата импресивна колекција веќе го има привлечено вниманието на многу експертски списанија, а неговите фото-дела имаат собрано многу награди.