Сите го знаеме среќниот крај на бајките на Дизни. Но, уметникот Џастин Тарентајн направи мини серија од дигитални слики во кои ни открива што ќе се случеше ако победеа негативците на Дизни.
На сликите на 22-годишниот Американец, Урсула се подготвува да ги изеде верните пријатели на Ариел, Круела де Вил носи бунда и чанта направени од крзното на малите далматинци, Злобната вила од „Заспаната убавица“ позира пред скаменетите добри вили, Злобната кралица седи пред огледалото додека Снежана зад неа лежи мртва, а двете полусестри на Пепелашка покажуваат како сложно си ги споделуваат стаклените чевлички (а веројатно и принцот и неговото богатство).
Сепак, Џастин не создава само мрачни слики. Еве како според него би изгледала сирената Ариел кога би имала нозе и би обожавала гламурозен стил на облекување: