Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Трансформациската моќ на шминката

ФОТО: Трансформациската моќ на шминката

Не е тајна дека вештото нанесување на шминката може да го подобри надворешниот изглед. Но, шминката може и целосно да го трансформира женскиот лик. На интернет деновиве кружат две фотографии од категоријата „пред и потоа“ кои привлекоа огромно внимание.

Мејкап трансформации

На фотографиите е прикажана девојка без и со шминка. Најголемата дискусија се разви на социјалната мрежа Reddit каде многу мажи изјавија дека жените не би требало да го кријат својот вистински изглед со „маска“. Некои се изјаснија дека користењето на многу шминка од страна на жените е исто како мажите да носат „вештачки“ мускули под облеката, односно дека е измама. Од друга страна се оние кои го „бранат“ користењето на шминка, бидејќи жените се под притисок постојано да изгледаат привлечно.

Трансформацијата е дело на Повилас Станиулионис и за првпат е објавена на Facebook каде е потенцирано дека за промената не е користен Photoshop.

Неодамна интернет хит станаа мејкап трансформациите на Мелиса Марфи. Фотографиите на кои беа прикажани порно ѕвезди со и без шминка се уште еден доказ за моќта на шминката.

Мејкап трансформации Мејкап трансформации Мејкап трансформации Мејкап трансформации Мејкап трансформации

Кога станува збор за впечатливо користење на шминка, треба да се спомене и Вадим Андреев, Русинот кој им дава погламурозен изглед на своите клиентки со шминка и стилизирање на косата.

Мејкап трансформации Мејкап трансформации Мејкап трансформации Мејкап трансформации Мејкап трансформации

Погледнете видео од една од неговите трансформации:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20926 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.