Многу заљубени парови преку тетоважи ја искажуваат решеноста засекогаш да останат заедно.
Со помош на трајно мастило, тие го украсуваат своето тело со симболи, зборови или цртежи кои означуваат важни моменти во нивната љубовна приказна. Независно дали станува збор за истетовирани датуми, бурми или парчиња од сложувалка, трајните цртежи по кожата претставуваат моќен „катализатор“ за евоцирање на спомени.
Погледнете фотографии од лица кои со тетоважи се стремат да покажат дека ја пронашле својата сродна душа.