Некои личности никогаш не стареат во душата.
Две пријателки си направиле складни тетоважи со она што најмногу го сакаат за да ја одбележат 30-годишнината од нивното пријателство.


Бабичките со младешки дух си истетовираа две кригли кои се држат за раце, како симбол на нивните заеднички дружби.
Фотографиите ги објави внукот на едната баба кој воедно и ги направил тетоважите. Во описот, тату артистот објасни дека двете госпоѓи сакаат да пијат пиво, но дека најмногу уживаат кога пијат заедно. Токму како што покажуваат и нивните тетоважи.
