Почетна » Новости » Занимливости » Две сестри си ги истетовираа последните зборови на нивниот татко кој почина од КОВИД-19

Две сестри си ги истетовираа последните зборови на нивниот татко кој почина од КОВИД-19

Сестри му оддадоа почит на покојниот татко и си ја истетовираа последната порака која тој успеал да ја напише пред смртта.

Рудолф Клосинг, кој имал белодробно заболување, починал како последица на КОВИД-19, а покрај себе оставил порака со натпис: „Беше многу добар живот“.

Неговите ќерки Ана и Абриел одлучиле да направат тетоважи со неговите зборови како потсетник дека тој навистина имал добар живот.

Ана и Абриел Ана и Абриел Ана и Абриел

„На сите им беше пријател. Секогаш го гледаше најдоброто во секого. Зборуваше со луѓето како да ги познава цел живот. Секогаш се одушевував на тоа што со леснотија можеше да насмее некого“.

„Беше многу несебична личност и мислеше на другите во последните мигови од неговиот живот. Мислеше да ни ја напише оваа порака за да знаеме дека имаше добар живот. Тоа покажува каков тип на личност беше“ – рекла Ана.

Ана и Абриел Ана и Абриел

„Цела година, пред да се зарази со КОВИД, со сестра ми бевме опседнати со неговото здравје. Беше како да ни се остварува најлошиот кошмар“ – рекла Ана.

За одлуката да се тетовираат, сестрите велат: „За нас беше навистина важно, бидејќи многу го сакаме. Ова беше единствениот начин кој можевме да го смислиме за да го покажеме тоа и едноставно да имаме секојдневен потсетник дека тој навистина живееше многу добар живот“.

Ана и Абриел

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20903 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.