Маж од Манчестер не сакал да се откаже од пивото, а сакал да има тонирано тело за време на летниот период, па дошол до идеја која привлече поделени мислења.
Наместо да вежба и да биде на строги диети, тој одлучил да си истетовира оцртани стомачни мускули.
Додека неколкумина се насмеаја на неговата смисла за хумор, многумина го критикуваа за постапката и коментираа дека во иднина ќе се кае за тоа што го направи.
„Ми се допаѓа. Има смисла за хумор“, „Тетоважата е доста добра“, „Не ми се верува дека досега трошев пари на членства во фитнес сала, хаха“ – пишуваат интернет корисниците.
„Живееме во свет полн со идиоти“, „Не му се вклопува со неговата боја на кожата“, „Можеби му треба тетоважа и од мозок, бидејќи му фали“, „Изгледа толку лажно, дали мисли дека ќе привлекува жени со таа тежоважа? Јас не мислам така“ – ова се дел од негативните коментари.