Смела бабичка не дозволува возраста да ѝ влијае на поставената мисија да ги реализира животните цели.
Откако поминала месеци во карантин во дом за стари лица, Дороти Полак излегла со нови желби, а првата била да си направи тетоважа од жаба.
„Беше мошне возбудливо, затоа што пред повеќе години внук ми сакаше да се истетовирам, но јас не сакав. Одеднаш решив дека сакам тетоважа и дека ако можам да се истетовирам, тоа да биде жаба, бидејќи ги сакам жабите“ – изјавила Дороти, која во јуни наполни 103 години во домот за стари лица во Мичиген.
Нејзината внука Тереза објави фотографии од тетовирањето и сподели дека Дороти била многу депресивна за време на карантинот поради коронавирусот.
„КОВИД-19 со месеци ја држеше во затвор. Сестрата во домот рече дека беше ужасно депресивна и сакавме да ја извадиме оттаму. Не смеевме да ја посетуваме, па не знаевме како е“ – рекла Тереза за CNN.
Сега, кога Дороти е слободна да се движи насекаде, желна е да има што повеќе авантури. Таа веќе си исполни и втора желба – да се вози на мотор.