Принцезата Кетрин и принцот Вилијам со трите дечиња им се придружија на кралот Чарлс и кралицата Камила на утринска божиќна служба.
Во црквата Св. Марија Магдалена во Сандрингем, 41-годишните припадници на британското кралско семејство пристигнаа за рака со трите деца, принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луи.
Кралската куќа во Сандрингем му припаѓа на кралот Чарлс.
Претходно, принцот Вилијам и принцезата Кетрин на сите им го честитаа големиот христијански празник со фотографија од трите деца.
На црно-белата објава, принцезата Шарлот со широка насмевка ги прегрнува своите браќа, принцот Џорџ и принцот Луи.
„На сите им посакуваме многу среќен Божиќ, од нашата фамилија до вашата“ – стои во честитката на Instagram.
Фотографијата е дело на фотографот Џош Шајнер.