Дени Ален победи во реалното шоу за слабеење „The Biggest Loser“. 26-годишната Американка влезе во популарниот натпревар со 117 килограми, а со напорни тренинзи и здрава исхрана стигна до 62 килограми и целосно си го промени изгледот.
„Квалитетот на мојот живот се подобри. Никогаш не сум знаела колку среќна можам да бидам! Имаше моменти во минатото кога си мислев дека сум секси, но никогаш дека сум убава. Сега јас ја носам облеката. Облеката не ме носи мене“ – изјавила таа.
Познатата Џулиен Мајклс ѝ помогна на Дени да си ги оствари соништата и да ја добие големата награда од 250.000 долари.
На второ место остана Џеф Николс кој со изгубени 82 килограми ја победи Ален по вкупниот број на стопени килограми, но за малку не ја надмина според процентот на изгубена тежина од почетната. Џеф ја намали тежината од 176 на 94 килограми.
Третото место му припадна на Џексон Картер кој ја намали тежината од 149 на 94 килограми.