Мариен Ериксен Скот-Хансен е артистка од Данска која со својата дарба им го разубавува животот на своите клиенти. Таа создава прекрасна и деликатна уметност од салфетки, а дел од своите хартиени креации ги објавува на Instagram.
„Исто како што на вашиот стомак му треба храна, а на вашето тело облека, не мислите ли дека ви треба и убавина. Одлучив тоа делче убавина кое го имам внатре да го пуштам да излезе надвор“ – вели таа.
За да создаде едно дело, на Мариен честопати ѝ се потребни повеќе од илјада салфетки.
Мариен има соработувано со врвни модни дизајнери како Карл Лагерфелд.
„Претворам обичен материјал за кој никој не размислува во луксузен објект“ – вели таа.