Пред половина година, името на дизајнерката Деби Вингам се прочу низ светот поради нејзината скапа креација со црни дијаманти – фустан вреден 4,3 милиони евра.
Сега, Деби направи голем чекор нанапред во дизајнирањето на безумно скапи фустани и создаде абеја со редок црвен дијамант вредна неверојатни 15,9 милиони долари. Според информациите на нејзиниот сајт, црната абеја е и најскапото парче облека на светот.
Вкупно 2.000 дијаманти ја красат абејата, меѓу кои 50 2-каратни бели дијаманти и 50 2-каратни црни дијаманти. Во центарот на креацијата е најреткиот црвен дијамант кој се проценува на 7,4 милиони долари.
Абејата ќе биде презентирана во Дубаи.