Модните куќи и врвните дизајнери постојано се во трка за креирање на што полуксузни производи, атрактивни само за најголемите богаташи.
Најновиот продукт на лудиот луксуз е најскапиот лак за нокти на светот. Дизајнерот на префинет накит Азатур го создаде лакот „Black Diamond“ кој чини 250.000 долари.
Блескавиот лак содржи 267 карати вистински црни дијаманти, а со цел жената која го носи да се чувствува уникатно, произведено е само едно шишенце од овој лак.
„Црниот дијамант е најпрефинетиот скапоцен камен. Неговата комбинација од убавина, мистерија и софистицираност го прави безвременски луксуз. Еден ден си помислив: Зошто да не го покажам овој стил на ноктите?“ – изјавил познатиот дизајнер.
Претходно рекордот го држеше златниот лак на „Models Own“, кој чини 130.000 долари. Капачето на овој луксузен лак е украсено со 1.100 дијаманти.