Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: На 93 години стана најстарата јога инструкторка и влезе во Гинис

ФОТО: На 93 години стана најстарата јога инструкторка и влезе во Гинис

Тао Порчон-Линч е вистинска инспирација. Иако има 93-години, флексибилната старица не престанува да ја негува љубовта кон јогата. Таа вежба јога од 8-годишна возраст, а сега официјално беше прогласена од Гинис за најстара јога инструкторка на светот.

Тао Порчон-Линч

Издржливата баба држи часови по јога четири пати неделно, а освен тоа се занимава и со танцување. Моментално живее во Њујорк, но во текот на својот живот Тао го пропатувала светот.

Тао Порчон-Линч

Во младоста, кога работела како танчарка во кабаре за време на Втората светска војна, Тао освоила награда за најубави нозе во Европа. Веднаш потоа започнала да работи како модел во Париз, а подоцна од модната се префрлила во филмската индустрија во САД. И покрај тоа што јогата постојано била присутна во нејзиниот живот, дури откако наполнила 73 години Тао одлучила поактивно да се занимава и да држи часови.

Тао Порчон-Линч

Активната бабичка морала да надмине и многу пречки за до ден денешен да може застанува во напредните јога пози. На 87-годишна возраст ѝ била направена операција на колкот, а само еден месец подоцна се вратила на подиумот да танцува.

Тао Порчон-Линч

На прашањето до кога планира да држи часови по јога, полна со ентузијазам Тао одговорила: „Сè додека не престанам да дишам. Ја сакам јогата, ми го разубавува денот и ги развеселува сите“ – изјавила таа.

Знаете како велат: „Во здраво тело, здрав дух“. Тао е чист доказ за вистинитоста на таа мудрост.

Погледнете ја Тао и ќе посакате веднаш да ѝ кажете збогум на неактивноста:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20880 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.