Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Моќна кампања со жени кои се изборија со рак на дојка

ФОТО: Моќна кампања со жени кои се изборија со рак на дојка

Октомври е месец за подигање на свеста за ракот на дојка. Во многу земји низ светот преку најразлични активности и едукациски кампањи се информира јавноста за ова често малигно заболување од кое најмногу страдаат жените и се собираат средства за финансирање на истражувања фокусирани на превенција, дијагноза и лекување на рак на дојка.

Британската организација „Breast Cancer Care“, чија главна мисија е информирање и поддршка на лица допрени од рак на дојка, започна моќна кампања со жени кои преминале преку тешка битка.

На фотографиите за кампањата, три жени самоуверено ги покажуваат лузните од мастектомијата и преку инспиративни пораки се обидуваат да им ја подигнат самодовербата на сите други претставнички на понежниот пол кои минале низ истата операција за отстранување на градите поради рак.

Храбрите жени докажуваат дека е можно жените да си ја вратат самодовербата по извојување на битка со ракот.

„Мојата добра страна. Да, тоа е лузна. Но за мене е нешто повеќе. Тоа е знак дека се соочив со рак на дојка и поминав низ тоа. Затоа ја носам со гордост. И затоа тоа е мојата добра страна“.

Џил

ЏилЏил

„Кога ќе погледнам во огледалото, не гледам рак на дојка. Гледам прекрасна слика, онаа што јас сум ја избрала. Ја нарекувам моја „tittoo“. Тоа е мојот начин на кој си го враќам она што ракот се обиде да ми го одземе. Мојата самодоверба“.

Исмена

ИсменаИсмена

Исмена била принудена да ги отстрани двете гради и на местото на едната лузна си ја истетовирала омилената слика. „Враќањето на женственоста е тешко, но со марами и умно структурирани блузи луѓето не забележуваат дека немам гради. На лузната од мастектомијата на левата страна се истетовирав. Си мислев: Зошто секој ден гледам во овие лузни кои се потсетник за градите кои ги изгубив? Наместо тоа сакам тетоважа таму, „tittoo“ од слика која ми значи толку многу што секој ден ќе се смеам додека се гледам во огледалото“ – рекла таа.

„Драго тело, Не бев секогаш среќна со тебе. Сакав подолги нозе, порамен стомак, поцврсти раце. Но неодамна поминавме низ многу, јас и ти. Се соочивме со рак заедно. Ја изгубивме десната града. Косата ни испадна. Но, минавме низ тоа и сега научив да те сакам и да те прифатам такво какво што си. Несовршено. Но, прекрасно несовршено. Ти си моето тело и јас сум горда на тебе“.

Хедер

ХедерХедер

Хедер дознала дека има рак пред шест години. Минувајќи низ кошмарот, таа научила повеќе да го цени сопственото тело со сите несовршености. „Моите лузни, промената на кожата и салото на стомакот се дел од мене... Многу сум благодарна што сум тука, малку поразлична, со лузни и модрици, но тука сум и јас сум јас, а за мене, тоа е големо нешто“ – изјавила таа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20827 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.