Жена од Турција се откажала од својата работа како специјалист за човекови ресурси за да го следи својот сон и сега создава прекрасна уметност од хартија.
Користејќи техника наречена квилинг или хартиен филигран, креативната артистка Сена Руна создава колоритни тродимензионални дела на кои ретко некој може да им одолее. Руна со квилинг сериозно се занимава само 7 месеци, а за да создаде едно дело, со веќе познат дизајн, потребен ѝ е еден ден. Создавањето на нов дизајн ѝ одзема подолго време. „Правам многу срца, бидејќи луѓето ги сакаат деталите во нив. Исто така, тоа е одличен начин за да кажете те сакам“ – рекла талентираната Турчинка во интервју за My Modern Met.
Сена им советува на луѓето да ја следат својата имагинација и да не се обидуваат да копираат нечија работа. „Сè што создавате може да биде уметност. Па, ако верувате дека можете да правите убави нешта, ќе видите дека и другите ќе се согласат“ – советува таа.