Ако сте личност која го цени фотореализмот, талентот и убавината на уметноста, тогаш делата на Иван Ху ќе ве остават без зборови.
31-годишниот сликар од Сингапур мудро ги користи своите вештини за да создава цртежи кои се толку реалистични, што наликуваат на фотографии. Неговите најнови цртежи се анаморфични творби на дрво кои ги мамат сетилата.
Најимпресивниот факт за талентираниот Ху е тоа што тој никогаш не изучувал уметност и сè што знае се должи на неговата напорна работа. „Отсекогаш го сакав цртањето, уште откако бев дете, но никогаш не сум учел уметност и сум потполно самоук“ – изјавил Иван во интервју за MailOnline.
Околу 3 дена се потребни за Ху да комплетира свој цртеж. Најчеста „мета“ на неговата вешта рака е мртвата природа или субјекти кои тој ги создава и фотографира. „Секое мое дело започнува со основна скица со молив“ – додал Ху.