Австрија секоја година е домаќин на најколоритниот фестивал за цртање на телото. Стотици уметници од повеќе од 40 земји во светот и годинава ја покажаа својата креативност и ги восхитија посетителите.
Темата на седумнаесеттото издание на фестивалот беше поп арт. На настанот се преплетуваат уметноста, музиката и модата, а човековото тело станува платно за сликање.