Приказните на Дизни секогаш завршуваат со среќен крај и секогаш нè поттикнувале да си фантазираме како продолжил животот на славните принцези и херои.
19-годишна Швеѓанка, која на онлајн заедницата deviantArt се претставува со корисничкото име Grodansagel, има многу добри замисли за следната етапа од животот на ликовите на Дизни, односно создавањето на семејство. Реализацијата на тие идеи е повеќе од одлична, а нејзините уметнички дела ги прикажуваат славните парови на Дизни и нивните деца.