Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: „Гумената“ Русинка направи календар за 2012

ФОТО: „Гумената“ Русинка направи календар за 2012

Јулија Гантел, позната како Злата, покажа зошто е нарекувана „гумената жена“. 25-годишната Русинка за новиот календар за 2012 со леснотија позира во најразлични неприродни пози.

Злата

Флексибилната русокоса е позната низ цел свет со својот несекојдневен талент, а сосема нормално најголем дел од нејзините обожаватели се претставници на посилниот пол.

Злата

Таа открила дека поседува невообичаена дарба на четиригодишна возраст, а нејзиното семејство останало вчудоневидено.

„Никој од моето семејство не е толку флексибилен, па тоа беше големо изненадување за нив“ – изјавила таа. Уште кога била мала, Злата започнала да работи во локален циркус каде што ги усовршувала своите еластични движења.

Злата Злата

Денес таа настапува низ цел свет и тврди дека никогаш не ни посакувала да работи нешто друго.

„Не можам да си замислам да правам нешто друго. Многу е забавно, можам да бидам креативна со моите пози и костимите што ги носам. Возбудена сум секогаш кога треба да настапувам на ново шоу, секое е различно од претходното“ – признала таа.

Злата Злата

Пред извесно време Злата објави фотографија во која позира гола во проѕирна кутија и уште повеќе ги подгреа машките фантазии.

Злата

Погледнете како Злата успева да се вовлече во фрижидер, куфер и мала стаклена кутија:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20803 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.