Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: „Гумената“ Русинка покажува флексибилност на работното место

ФОТО: „Гумената“ Русинка покажува флексибилност на работното место

Флексибилноста е една од карактеристиките кои најмногу се ценат во современите компании. Па, гумената жена одлучи да го искористи концептот „флексибилност на работното место“ за својот нов календар за 2013 година.

„Повеќето шефови сакаат нивните вработени да бидат пофлексибилни на работното место. Се надевам дека преку мојот календар ќе ги инспирирам вработените да станат пофлексибилни“ – изјавила Злата, објаснувајќи ја темата на новиот календар.

Злата Злата Злата

За фотографиите флексибилната Русинка, чие вистинско име е Јулија Гантел, позира во канцеларија, облечена во бизнис облека и застаната во невообичаени пози.

Злата е позната низ цел свет поради својот несекојдневен талент, кој ѝ дозволува да се витка како да е направена од гума.

Злата Злата Злата

„Овие пози се природни за мене. Понекогаш ми е малку непријатно ако треба предолго да се задржам во одредена поза за време на фотосесија. Но, сметам дека тоа е исто како некој да стои предолго на нозе – мускулите се згрчуваат. Не држам диета, но тренирам многу напорно за да ги одржам мускулите во форма и да бидам што пофлексибилна“ – изјавила таа.

Злата Злата Злата

Погледнете што сè може да направи гумената Русинка:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20815 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.