Бар Рафаели ја покажа својата игрива страна флертувајќи со објективите за календарот на брендот „Passionata“ за 2012 година.
26-годишната убавица позира на скутер „Веспа“ и велосипед и влегува во неколку секси улоги за со хумористичен пристап да го истакне својот сексапил.
Занесната Израелка веќе неколку сезони е заштитно лице на познатиот бренд за долна облека „Passionata“, па беше сосема очекувано токму таа да ги поздрави нивните клиенти во новата година.