Новороденче постави рекорд во Кина. Со тежина од неверојатни 7,03 килограми, Чун Чун е најтешкото бебе родено на територијата на Кина.
Големото момче дошло на свет со помош на операција со царски рез која траела 20 минути. Мајката признала дека очекувала големо бебе, но никогаш не си ни замислувала дека тежината на Чун Чун ќе надмине 7 килограми.
„Почувствував дека моето тело е потромаво од времето кога бев бремена со мојата ќерка. Мојот стомак беше поголем. Претпоставував дека бебето ќе биде меѓу 4,5 и 5 килограми. Но, никогаш не очекував да слушнам дека тежи 7 килограми“ – изјавила Ванг.
Таткото на момчето изјавил дека неговата сопруга изгледала нормално и дека е горд на својот син. „Мојата сопруга не беше поразлична од другите бремени жени. Таа јадеше и пиеше нормално, како што и требаше. Но, роди толку голем и дебел син. Многу сум среќен“ – изјавил тој.
Чун Чун тежи двојно повеќе од просечното новороденче.