Почетна » Новости » Занимливости » Фитнес ѕвезда нарекувана дебела си го „фотошопира“ телото во видео со силна порака

Фитнес ѕвезда нарекувана дебела си го „фотошопира“ телото во видео со силна порака

Фитнес инструкторка која била нарекувана дебела возврати на грубите коментари онлајн со емотивно видео во кое си го фотошопира телото за да одговори на туѓите очекувања.

Кејси Хо е YouTube ѕвезда која ја следат повеќе од 2 милиони луѓе, но и покрај тоа, таа не е рамнодушна на модерната „зараза“ наречена „критикување на туѓиот физички изглед“. 28-годишната инструкторка редовно добивала коментари дека не е доволно фит или доволно привлечна, па одлучила да престане молчеливо да ги поднесува вербалните удари.

Во видеото наречено „The Perfect Body“, Кејси прво чита дел од грубите коментари адресирани до неа, а потоа си го обликува телото за да ги усреќи „критичарите“. Таа си ја стеснува половината, си ги зголемува градите, си ја менува бојата на очите, си го зголемува задникот и си ги ослабува нозете за да се вклопи во недостижните стандарди за убавина. Но, сите тие промени не ги замолчуваат критичарите, ниту пак ја усреќуваат неа.

Погледнете го видеото кое има над 1 милион прегледувања на YouTube, а цели да ги поттикне луѓето да престанат да го критикуваат изгледот на другите.

Пред да го објави видеото, Хо поставила на социјалните мрежи фотографија на која телото ѝ е дигитално коригирано за да изгледа значително послаба. Очекувано, негативните коментари не запреле и повторно некои коментирале дека сè уште е дебела. Од друга страна, имало и такви кои ја опсипале со комплименти за „совршеното тело“.

Кејси Хо

„За истата фотографија, некои луѓе ме фалеа, други ме навредуваа. Ме загрижува: 1) Што некои луѓе мислат дека ова тело е реално и дека треба да биде нивна цел и 2) Што некои луѓе сè уште мислат дека не е доволно добро“ – коментирала Хо.

„Како да знаеме која убавина може да биде достигната природно кога сè околу нас нè заблудува? Тешко е да знаеш што е реално, а што не, кога кориците на списанијата и музичките видеа се фотошопирани, фотографиите на Instagram се фотошопирани и толку многу жени си прават пластични операции“ – вели Хо.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.