Бабет Дејвис води здрав и активен живот, па благодарение на посветеноста и дисциплината, изгледа фантастично и во осмата деценија од животот.
Фитнес зависничката од Калифорнија го прослави својот 70-ти роденден со фотосесија за која позираше во костим за капење. Дејвис тврди дека сега е поздрава, отколку што била во нејзините 30-ти години.
Таа објави седум фотографии, по една за секоја измината деценија од животот. „Се восхитувам колку неверојатно интелигентно е човечкото тело и како СЕКОГАШ возвраќа на грижата и љубовта која му ја даваме“ – пишува таа.
Дејвис, која е веганка, досега има над 130.000 следбеници на Instagram, каде споделува совети и ги мотивира фановите да се сакаат и да се грижат за себеси.