Почетна » Новости » Занимливости » Супер бабичка на 101 година летна со параглајдер и влезе во Гинис

Супер бабичка на 101 година летна со параглајдер и влезе во Гинис

Годините не се никаква пречка за прабабата Мери Хардисон, која покажа дека во неа се кријат младешки дух и енергија. 101-годишната Американка вчера влезе во Гинисовата книга на рекордите бидејќи е најстарата жена која летнала во тандем со параглајдер.

Мери ХардисонМери Хардисон

Храбрата бабичка летнала со инструктор на 1 септември минатата година, додека членовите на нејзиното семејство со ококорени очи го следеле нејзиниот смел подвиг.

Мери Хардисон со своето семејствоМери Хардисон со своето семејство

Хардисон посакала да лета со параглајдер затоа што нејзиниот 75-годишен син започнал да лета за разонода.

„Не сакам мојот син да прави нешто што јас не можам“ – изјавила таа и признала дека се изненадила кога дознала дека поставила рекорд.

Мери Хардисон

„За мене тоа беше како да одам на едно обично летање. Не знаев дека срушувам рекорд“ – дополнила Мери.

Желба на Мери е старите луѓе да бидат поактивни и да не се плашат да се впуштаат во авантури додека имаат можност.

„Моја желба е постарите луѓе да не застануваат, да прават работи сè додека се физички способни за тоа. Бидете позитивни“ – рекла таа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20878 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.