Меган Маркл и принцот Хари не можат да ја сокријат радоста што ќе станат родители. Кралскиот пар бликаше од среќа кога се појави за првпат на официјален настан по објавувањето на веста за бременоста.
37-годишната војвотка и 34-годишниот принц го разгледуваа Сиднеј и се сретнаа со бројни свои обожаватели за време на нивната прва официјална посета на Австралија како брачен пар.
Шармантната сопруга на принцот Хари блескаше во минималистички бел фустан од Карен Џи, додека на моменти ѝ се познаваше малото трудничко стомаче.
Во својот стајлинг, Меган додаде обетки и белегзија од принцезата Дијана и бежови салонки и мантил.
Меган и Хари го добија првиот подарок за бебенцето од генералниот гувернер Питер Косгроув и неговата сопруга Лин. Тие добија слатки Ugg чизмички и плишена играчка кенгур.
Хари се сретна и ѝ подари прегратка на својата долгогодишна обожавателка Дафни, а потоа ја покани и Меган да се запознае со неа.
Подоцна, Меган ги замени високите потпетици со црни балетанки.