Блогерка напиша текст за нереалните очекувања кои општеството ги има од мајките.
Даниела Шерман-Лазар апелира мајките да престанат да се грижат за туѓото мислење, бидејќи тоа не го дефинира нивниот успех.
Во нашето општество, мајката страда од вина без разлика што ќе направи.
Ако е постојано над децата за да ги проверува дали се добро, ќе ја нарекуваат мајка-хеликоптер, а ако им дозволи да трчаат наоколу додека таа седи настрана и разговара со пријателка, таа е неодговорна.
Ако преферира да готви сè сама и да избира сè органско, нејзините деца ќе „полудат од јадење нездрава храна кога ќе одат на гости“. Ако ги храни со крофни и мафини за појадок, бидејќи брза или едноставно така сака, тогаш нејзините деца се нездрави.
Ако дои, а не излачува доволно млеко и нејзиното бебе не напредува, таа е неуспешна мајка. Но, кога ќе додаде и вештачко млеко, таа е уште понеуспешна што не го храни бебето само со мајчино млеко.
Ако остане дома со нејзините деца, таа би требало да работи, па „Како ќе може финансиски да издржи нејзиното семејство?“ Но, ако работи, ќе добие коментари од типот: „Но, тие се мали само еднаш“.
Ако не ја изгуби тежината од бременоста, ќе речат „Леле, колку се запуштила“. Но, ако ја изгуби: „Леле, сигурно ништо не јаде или минува часови во вежбање и ги занемарува децата“.
Во општество кое знае „сè“ и поставува преголеми очекувања врз мајките, ако ги слушате сите околу вас, секогаш ќе се соочувате со неуспех.
Затоа, НЕ ГИ СЛУШАЈТЕ и престанете да се чувствувате лошо за вашите избори.
Исфрлете ги тие нереалистични очекувања и правете го она што е најдобро за вашето семејство.
Тоа се нарекува ВАШЕ СЕМЕЈСТВО со причина.
На крајот на краиштата, ако ги сакате вашите деца и давате сè од себе, вие сте добра мајка.