Кога Џоди Смит се пожалила на многу силни болки во стомакот, нејзината мајка ја однесла на доктор, каде набрзо дознала дека всушност станува збор за породилни болки. Неколку часа подоцна таа родила здраво момче.
17-годишната Англичанка, која е амбициозна танчарка, воопшто не ни помислила дека може да биде бремена, бидејќи нејзината тежина не се зголемила.
„Сè уште сме вчудоневидени. Џоди не престана да се смее. Таа одеше на колеџ, одеше на работа, посетуваше часови за танцување и вежбаше, сè нормално. Не ѝ беше лошо и изгледаше слаба до крајот“ – изјавила мајката на Џоди.
Докторите не знаат точно во кој месец од бременоста се наоѓала Џоди, но бабиците претпоставуваат дека била во деветтиот месец. Роденото момче тежело 3,6 килограми.
Дени Јеомен, момчето на Џоди, бил шокиран од веста и сè уште се привикнува на новата улога во животот. „Беше шок за нас, сè уште се привикнуваме на тоа“ – рекол 19-годишниот татко.