Почетна » Новости » Занимливости » „Тие требаше да купуваат пелени и бебешка облека, а не да складираат тоалетна хартија и сапун“: Текст за бремените жени во услови на коронавирус

„Тие требаше да купуваат пелени и бебешка облека, а не да складираат тоалетна хартија и сапун“: Текст за бремените жени во услови на коронавирус

Пен Рутерфорд нè потсетува дека сред пандемијата на коронавирус, треба да се сетиме и на бремените жени кои во себе носат живот во најтешкото време.

Наместо да се радуваат што ќе станат мајки, наместо да купуваат облека и да уживаат, трудниците мораат да седат дома и да се грижат во какви услови ќе го родат детето, дали за нив ќе има место во болниците, дали ќе бидат заштитени...

Па, доколку имате бремена пријателка, земете го телефонот во рака и јавете ѝ се, порачува Пен. Прочитајте го нејзиниот текст:

Трудница

Не заборавајте да разговарате со вашите бремени пријателки, тие страдаат.

Не можам ни да си замислам пострашно време од ова за да се подготвуваш да донесеш нов живот на овој свет.

Иако овие неверојатни жени носат нов живот, тие исто така носат и страв и анксиозност.

Хаосот и неизвесноста во светот се на максимално ниво.

Нив им беше одземена радоста и возбудата, но исто така и грижата.

Тие би требало да се грижат за утринските мачнини, кое креветче да го купат и како да го крстат нивното скапоцено малечко.

Тие би требало да купуваат пелени и минијатурни алишта, а не да складираат тоалетна хартија и средства за дезинфекција на раце.

Да не ги споменувам трудничките хормони кои треба да се додадат во целата приказна!

А за оние кои се подготвуваат за првпат да станат мајки, можам само да го замислам чувството на родителски нерви во комбинација со светска пандемија.

Болниците се преполни насекаде, па што значи тоа за нашите бремени жени?

Дали ќе има место за да се родат нивните бебиња ако вирусот продолжи да се шири? Што е со нивните семејства?

А што значи неконтролираното ширење на вирусот за нивното здравје, но и за здравјето на нивните деца?

Велат дека вирусот претставува најмал ризик за бебињата, но ако познавате некоја мајка или ако сте мајка, знаете и дека грижите никогаш не завршуваат.

За време на овие времиња, ајде да се грижиме за оние кои се најзасегнати од овој вирус – најстарите и оние со компромитиран имунитет.

Но, да не ги забораваме ниту нашите бремени пријателки.

Не можам ни да си замислам пострашно време од ова за да се подготвуваш да донесеш нов живот на овој свет.

Јавете им се на вашите бремени пријателки, тие страдаат.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20783 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.