Почетна » Новости » Занимливости » Телеком музички спектакл со Каролина Гочева, Северина и Дејвид Моралес

Телеком музички спектакл со Каролина Гочева, Северина и Дејвид Моралес

Воведувањето на брендот Телеком на македонскиот пазар, после згаснувањето на брендовите Т-Home и T-Mobile, освен што ќе донесе нова вредност за корисниците, несомнено ќе понуди и поинаква содржина, нови искуства и доживувања.

На 19 септември во Скопје пред „Порта Македонија“ со почеток од 20.00 часот, ќе се одржи незаборавен Телеком музички спектакл на кој се поканети сите граѓани, заедно да прославиме во светот на еден Телеком.

На големиот настан ќе настапат нашата најголема ѕвезда Каролина, атрактивната поп дива Северина како и култиот ди-џеј Дејвид Моралес. Каролина ќе се претстави со добро познатиот проект „Македонско девојче“, а Северина ќе ја оправда верноста на македонската публика со своите бројни стари и нови хитови.

Атмосферата дополнително ќе се загрее со добитникот на Греми награда, култниот продуцент и ди-џеј, Дејвид Моралес чиј настап секако не смее да се пропушти.

Водител на настанот е урнебесниот Сашко Коцев.

Телеком музички спектакл

Забава ќе биде организирана и за најмладите со почеток од 12 часот во паркот Жена-борец со супер детска програма исполнета со интересни игри и забава со најдобрите детски хитови.

Отсега под Телеком брендот ќе се нудат сите комуникациски услуги за дома и во движење: мобилни и фиксни интегрирани услуги, решенија за деловни корисници, како и и Cloud решенија. Воспоставувањето на еден бренд има за цел поедноставување на процесите, во насока на зголемување на задоволството на корисникот, како клучен фокус на Македонски Телеком.

Наскоро на македонскиот пазар ќе бидат промовирани нови пакети на услуги и интегрирано продуктно портфолио за приватните и бизнис корисниците, направени според начинот на живеењето и потребите на модерните корисници.

Компанијата, која е технолошки лидер во регионот ќе се фокусира на ваков тип на интегрирани понуди и во иднина, што се очекува да доведе до уште подобро позиционирање на пазарот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.