Родителите би направиле сè за своите деца. Татко од Канада си направи тетоважа која потсетува на големиот белег на неговиот син, за тој да се чувствува убаво и да не се срами од своето тело.
Дерек Пру забележел дека неговиот 8-годишен син носел маица секојпат кога влегувал да плива во базен. Сакајќи да му покаже дека не е сам и да му ја зголеми самодовербата, грижливиот татко поминал цели 30 часа тетовирајќи си белег на стомакот како неговиот.
„Знаев дека се срами од тоа. Видов како реагира и посакав веднаш да си направам тетоважа за тој да не биде сам“ – изјавил Дерек.