Моментот на страотната експлозија во Бејрут беше овековечен во свадбено видео кое деновиве буквално го обиколи светот.
Во тажниот видеозапис, невеста позира во својата венчаница, а по неколку секунди се слуша силната експлозија.
Насмевката од лицето на невестата исчезнува и најсреќниот ден од нејзиниот живот се претвора во кошмар. На крајот од видеото, сите присутни бегаат, не знаејќи што точно се случува.
ВИДЕО
Фотосесијата се одвивала на нешто повеќе од 1 километар од пристаништето каде настана експлозијата. За среќа, и невестата и фотографот не се повредени.
Posted by Mahmoud Nakib on Tuesday, August 4, 2020