Бејрут денес е во мислите на многу луѓе од целиот свет.
Артисти ги искористија талентот за сликање и креативноста за преку цртежи да им изразат сочувство на сите засегнати од страотната експлозија. На хаштагот #prayforbeirut (Молете се за Бејрут) постојано се споделуваат илустрации и слики полни со емоции.
Ужасната експлозија во главниот град на Либан се случи вчера откако настана пожар во магацин на пристаниште. Досега е потврдена смртта на околу 100 лица, а повредени се повеќе од 4.000.
И нашиот артист Зоран Кардула со свој цртеж изрази сочувство со жртвите.